ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло, во западните и во северните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, а особено во западните делови засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ -8.

Во Скопје сончево и топло, попладне со умерена облачност, со умерен ветер од западен и северозападен правец, кој на моменти ќе се засилува. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 28 степени.

 

Продолжува периодот на значително топло време, особено од четврток, кога ќе има високи температури и извесно зголемување на облачноста.