ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со свежо утро и слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до 13, а дневната од 20 до 30 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Во петок ќе има зголемување  на облачноста, а локални врнежи од дожд се очекуваат во сабота.