ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – 0Времето утре ќе биде претежно облачно и свежо со повремен локален дожд, особено на југ. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималните температури ќе се движат од 9 до 16 степени, а максималните од 15 до 21 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд. Tемпературата ќе се движи од 13 до 19 степени.

До петок ќе се задржи променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд, особено на југот. В петок врнежите ќе бидат локализирани, а в сабота се уште на повеќе места ќе има зголемена облачност, но ќе биде суво.

Во недела и во понеделник ќе биде претежно сончево и малку потопло, преку денот, но со пониски утрински температури. Нов влажен бран се очекува од средината на наредната работна седмица.