7 дена Вести

Временска прогноза – Македонија

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено во горниот дел од Повардарието, каде повремено ќе засилува. 

Температурата ќе се движи од -2 до 14 степени.

 

Во Скопје променливо облачно со слаб локален дожд претпладне. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 12 степени.

 

Во петок поради заладување ќе има локални врнежи од снег, претежно во југоисточните делови. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Сподели: