ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и многу топло време. Попладне во северозападните и западните предели услови за развој на локална нестабилност која може да услови сосема слаби врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни од 14 односно до 25 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна ќе достигне до 23 степени. Ув индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во сабота претежно сончево со локална облачност и топло време. Доцна попладне и навечер услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни до 15 до 26 степени. Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои ќе започнат попладне а во доцните попладневни и во вечерните часови ќе се интензивираат. Дневните температури од 13 до 24 степени. Во понеделник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време. Минималните температури од 0 до 8 степени, а максималните од 8 до 18 степени. Во вторник по студеното утро со температури од -2 до 6 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и свежо време со максимални температури кои ќе бидат во пораст и ќе се движат од 12 до 22 степени.

Weather4all.com.mk