ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во денес по свежото утро со утрински температури кои што се во опаѓање и се движат во интервал од 5 до 13 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време со осетен пад и на максималните дневните температури, но во попладневните часови во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно време со врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува доумерен засилен западен и северозападен ветер. Максималните дневни температури денес ќе достигнат до 11 односно до 25 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна ќе достигне до 20 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок свежо утро со утрински температури од 5 до 13 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно време со сончеви периоди, ветровитро и свежо време со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 12 до 25 степени. Во сабота и недела невообичаено свежо утро со за овој период од годината со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 1 до 10, односно од 2 до 11 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и пораст на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 14 до 27 односно од 15 до 28 степени. Во понеделник потопло утро со минимални температури од 5 до 14 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и дневни температури која што ќе бидат во пораст и ќе достигнат од 16 до 29 степени.