Вести Македонија

Времето во Македонија

Сподели:

 

Врнежите од дожд кои што вчера ја зафатија Македонија, во текот на ноќта понеделник кон вторник како и ова утро претежно се во источната половина, додека во западната половина имаме умерено облачно, магловито па и посвежо утро.

МАКЕДОНИЈА – Денес во утринските и претпладневните часови во североисточните, источните и југоисточните предели умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и ветровито, овие врнежи попладне ќе престануваат. Во останатите предели во утринските часови појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а услови за слаби врнежи од дожд ќе има во крјаните југозападни предели. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер кој во вечерните часови ќе го промени правецот и ќе дува северозападен и североисточен ветер. Минималните температури од -2 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 14 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла која ќе се задржи и претпладне, а во текот на денот ќе биде претежно облачно и топло. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 10 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда и четврток појава на утринска магла која понекаде ќе се задржи и претпладне, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди но и посвежо време со опаѓање на температурите, особено на утринските. Во среда утринските од -4 до 5 степени, додека пак максималните дневни од 4 до 13 степени, а во четврток минималните од -5 до 3 степени, додека пак дневните температури ќе се движат во интервал од 3 до 12 степени. Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне во западните и југозападните предели со врнежи до дожд, а над 1000 метри врнежите ќе бидат од снег. Минималните температури од -4 до 4 степени, додека пак максималните од 2 до 10 степени. Во сабота појава на утринска магла а во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и дневни температури од 2 до 10 степени.

Weather4all.com.mk

Сподели: