Вести Македонија

Врховниот суд ја одложи седницата за Монструм

Сподели:

Седницата на Врховниот суд закажана за утре, на којашто требаше да се разгледуваат жалбите за доживотните затворски казни за петкратното убиство кај Смилковското езеро, е одложена, објави 24 Вести.

Како што соопштуваат од Врховниот суд седницата се одлага по барање на адвокатот Асмир Алиспаиќ поради здравствени причини, за што до Врховниот суд е доставена соодветна медицинска документација.

Терминот за одржување на јавната седница ќе биде дополнително определен.

Минатата седница беше одложена поради неприсуство на двајца адвокати. Врховниот суд ја закажа седницата 15 месеци откако одбраната ја обжали пресудата на Кривичниот и на Апелациониот суд.

Масакрот кај Смилковското езеро се случи на 12 април 2012 година кога беа убиени четири момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Цветковски.

Сподели: