Врховниот суд се уште е без претседател – Судскиот совет нема објавено оглас за избор на нов претседател

Сподели

 

Фаик Арслани и понатаму останува в.д. претседател на Врховниот суд, бидејќи Судскиот совет се уште нема објавено оглас за избор на нов претседател, наместо разрешениот Јово Вангеловски, кој според решението работел несовесно и непрофесионално, пишува „Порталб.мк“.

„Се уште го немаме објавено огласот, и кога ќе се објави ќе бидете известени. Немаме законски определен рок за објавување на огласот, а до изборот на новиот претседател, назначен е в.д. претседател“, велат за „Порталб.мк“, од Врховниот суд.

Според Законот за судовите, претседател на суд се избира од редот на судиите, на начин како што се избира судија во соодветен суд, во овој случај во Врховниот суд.Претседателот на Врховниот суд се избира за време од четири години, со можност да биде повторно избран за уште четири години.

За претседател на Судот се избира судија, кој во последните две години е оценет од Судскиот совет со повисока позитивна оценка, а согласно законот треба да има поголем број поени од другите кандидати.