МАКЕДОНИЈА – Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите наместа повремено ќе бидат пообилни (20л/м2). Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, претпладне од јужен, а кон крајот на денот од северен правец.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а попладне од северен правец.


