Вести Изјави Македонија Ударни вести

За Мендух Тачи, кандидатот за премиер Зибери е терорист

Сподели:

 

„Што ги поврзува Али Ахмети и Насер Зибери?. Зибери е терорист од 1997-ма година од Гостивар и Тетово. Тој беше вицепремиер, кога државата убиваше со оружје и насилство, тепаше, малтретираше, затвори многу луѓе. Ова е најсилниот аргумент дека овие двајца луѓе се поврзани со истата цел и доаѓаат од истиот извор. Ние овие двајца ќе ги разделиме“, порача лидерот на ДПА, Мендух Тачи во текот на вчерашниот ден остварил средба со граѓани на Гостивар.

Тачи истакна дека тој и неговата партија не се откажуваат од нивниот план за дводомен парламент.

“Дводомниот парламент е прва понуда. Дводомен парламент, кој ќе биде правно-уставен гарант дека Албанците повеќе нема да бидат надгласани и мајоризирани” – рече Тачи.

Сподели: