За “ТАЛИР” Груевски доби 6 години затвор, а Божиновски 2 години условна казна

Сподели

 

Судечкиот совет во предметот „Талир 2” го прогласи за виновен поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и го осуди на казна затвор од 6 години и Кирил Божиновски на 2 години условна казна. Тие се виновни за незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ. Исто така и незаконски наплатиле пари од скопската фирма “Бетон” со чии пари купиле недвижен имот, пресуди денеска Кривичниот суд – Скопје, во предметот Талир 2.

Судот му одредени казна затвор од 6 години на првообвинетиот Никола Груевски, додека на второбвинетиот Кирил Божиновски му одреди условна казна затвор од 2 години. Тие се прогласени за виновни затоа што незаконски, со злоупотреба на положба за партијата ВМРО-ДПМНЕ прибавиле нов објект вреден 7 милиони евра и дополнителни 2 милиони евра со кои купиле дополнителен недвижен имот.

Според одбраната барањето за конфискација на седиштето на ВМРО – ДПМНЕ е неоснована. Застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе. Пресудата за овој предмет не е правосилна и странките имаат право на жалба во рок од 15 дена по прием на пресудата во писмена форма.