За три месеци Ставрески го потроши буџетскиот дефицит за цела 2016 и си замина

Сподели

Untitled-final

За цела 2016 година власта планираше буџетски дефицит од 3,2 отсто од бруто домашниот производ (БДП), односно 300 милиони евра. Буџетот беше предвиден на 3,2 милијарди евра кај расходите, а 2,9 милијарди евра кај приходите. Само во првиот квартал од годинава, буџетскиот дефицит веќе изнесува 3,9%од БДП, значи 21 отсто над предвидениот за цела година или, во пари, над 360 милиони евра, пишува Вистиномер.мк.

Како и секогаш во период пред избори, оваа власт го пумпа буџетскиот дефицит со цел да ги поткупи гласачите со различни погодности, какви што се зголемување на социјалната помош, пензиите, платите во администрацијата и што уште не. Така беше и пред овие избори кои беа закажани за 22 април и 5 јуни, но кои не се одржаа. Арно ама, досега никогаш не се потрошил планираниот дефицит за цела година и уште повеќе од тој износ и тоа само во еден квартал. Ваквиот тренд не запира. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски уште лани вети дека од 1 септември годинава повторно ќе ги зголеми пензиите за дополнителни 5%, што по правило буџетот го чини околу 30-35 милиони евра годишно. Ако таквото ветување навистина се оствари, Македонија, која и онака веќе има поголеми просечни пензии својот источен и својот северен сосед, иако е посиромашна и од двата, со ова најавено зголемување на пензиите тие ќе станат повисоки од оние во Бугарија и тоа за 20 отсто (211 наспроти 175 евра) и 10 отсто од Србија (211 наспроти 192 евра).

(Целиот текст од Вистиномер.мк можете да го прочитате и преземете ТУКА)

Секоја година ли ќе се задолжуваме со 500 милиони евра?