Забрана за камиони на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар-Сража

скриншот
Сподели:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 06:50 ч., воведена е забрана за ТТВ на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево, поради обилни врнежи од снег.

Во 07:00 часот, поради сообраќајна незгода е воведена забрана за движење на тешки товарни моторни возила на магистралниот пат А2 Кичево–Гостивар, во правец кон превојот „Стража“ и обратно.

Од 07.20 часот на патот Скопје – Велес пред првиот тунел, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

 СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Сподели: