На денешната собраниска седница, пратеникот и потпретседател на Левица, м-р Реџеп Исмаил – Хактан во своето излагање реагираше на предложените измени за продолжување на рокот за легализација на дивоградби, оценувајќи ги како штетни и крајно опасни:
„Ова решение е катастрофално од самиот почеток! Практично, ние го правиме бесмислено кривичното дело „Бесправно градење”. Во практиката, низ овие 15 години, се случи фавелизација во централните градски подрачја низ целата држава.
ЗЕЛС од каде што доаѓа иницијативата, ги прескокна сите проблеми, преспа сѐ од суштинска важност и сега приоритет е да се продолжи законот за легализација на дивоградби?!
Заборавивте дека токму најголемата катастрофа што се случи во Македонија, објектот во кој изгореа 63 млади луѓе, беше токму под овој закон – легализиран и кој функционираше како дискотека, токму благодарение на ваков закон со кој ги легализиравте дивоградбите наместо да ги казните оние коишто градат бесправно,“ изјави Реџеп Исмаил – Хактан во Собранието.


