Забрана за камиони на Стража, Ѓавато, Пресека, Маврово-Дебар и Струга-ГП Ќафасан

Сподели:

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и со остатоци од снег по коловозите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини: Стража, Демир Капија- Смоквица, Пресека, Маврово-Дебар-Струга и ГП Ќафасан.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

фото ЈП јавни патишта

Сподели: