Заев: Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата

Сподели

 

“Downing 10″ синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок.” – објави премиерот Заев на фејсбук и објави и фотографии од кои едната е покрај новогодишна елка, а тој во раката држи лампион на кој го пишува името на државата, Северна Македонија.