Вести Македонија Ударни вести

ЗАЕВ: Честит 8. март за родово еднакво општество!

Сподели:

Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод 8.март – Меѓународниот ден на жената во која се вели:

„Кога денеска го славиме овој празник треба да прифатиме дека во нашето општество има сѐ уште области во кои преовладуваат конзервативните и премногу застарени принципи за улогата на жената. Тоа го менуваме, и на тоа остануваме посветени се до постигнување на целосната правична родова еднаквост.

Ако не го направиме тоа, особено во сферите на креирање на политиките, на носењето на законите и во сферата на учеството на девојките и жените во системот на институциите, ќе продолжиме да и даваме простор на општествената, родова неправда, која го намалува потенцијалот за прогрес на нашето општество.

Денеска е денот кога треба да им дадеме гласност на пораките дека без потполна родова еднаквост нема ни демократија, ниту социјална правда.

И не само денеска, овие прашања ќе бидат решени само ако им дадеме постојана гласност и видливост, секој ден. Мораме да ги охрабриме застапниците на борбата против родовата нерамноправност и сексизмот за да ги запреме сите видови на неправда во општеството, зашто борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество.

Да не запреме додека целосно не ја анулираме разликата во вредноста на трудот меѓу мажите и жените и додека не обезбедиме дека девојките и жените имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните работни кариери и да бидат избирани на највисоки работни позиции. Нема никаква причина да биде поинаку. Кога жените губат – сите губиме.

Економското зајакнување е одговорот на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените. Економски силните девојки и жени полесно ќе се справуваат со сиромаштијата, со насилството и дискриминацијата. Образованите, еманципираните жени полесно ќе го движат нашето општество напред!

Правото на глас, избор и еднаквост треба секојдневно да се негува и унапредува сѐ додека не стане наше секојдневие. Заедничкото општество е силно колку што е силна жената во него – изјави Заев.

Честит 8.март за родово еднакво општество!“

Сподели: