Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Потпишана Спогодба за отворање на нов граничен премин меѓу Северна Македонија и Грција

Сподели:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска, оствари средба  со алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу, која вчера и денес престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

080319OA MNR Dimitrov Sredba so alternativniot MNR na Grcija 2522

За време на средбата МНР Димитров и АМНР Aнагностопулу потпишаа Спогодба за отворање на  нов граничен премин во регионот на Преспанското езеро, Маркова нога – Лемос. Ова е прв договор потпишан меѓу Северна Македонија и Грција, согласно одредбите од Конечната спогодба, со кој се очекува дополнителен развој во односите, интензивирање на комуникацијата и севкупен развој на Преспанскиот регион.

080319OA MNR Dimitrov Sredba so alternativniot MNR na Grcija 2669

На средбата со АМНР Анагностопулу беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на Преспанскиот договор со цел осмислување и развивање на сеопфатна и интензивна соработка во сите области, чија што крајна цел се позитивни, видливи и конкретни резултати во полза на граѓаните на двете земји. Беше рaзговарано и за поддршката што Грција и ја дава на нашата земја во контекст на евроинтегративниот процес.

Ова е прва посета на министерот Сиа Анагностопулу надвор од Грција по нејзиното преземање на функцијата алтернативен министер за надворешни работи, што ја отсликува важноста што Владата на Грција и’ ја дава на односите со Република Северна Македонија.

Сподели: