Заев: Граѓаните ги заокружија промените, одговорноста сега е уште поголема

Сподели

Почитувани граѓани, дозволете за тоа што го имам како информации и овде да соопштам каде се победивме со коалицијата предводена од СДСМ. Победивме во Ѓорче Петров во првиот круг, победивме во Карпош во првиот круг, победивме во Центар во првиот круг, победивме во Аеродром во првиот круг, победивме во Шуто Оризари во првиот круг, и ја чекаме разликата дали ќе победиме во првиот круг и во Кисела Вода, и во Бутел, и во Гази Баба. Но, едно е сигурно влегуваме како фаворити во вториот круг за којшто секако продолжуваме внимателно пред граѓаните да ја заокружиме победата.
Продолжуваме понатаму, победивме во првиот круг во Зелениково, победивме во првиот круг во Арачиново, победивме во првиот круг во Куманово, победивме во првиот круг во Ранковце, победивме во првиот круг во Крива Паланка, победивме во првиот круг во Кратово, победивме во првиот круг во Кочани, победивме во првиот круг во Пехчево, победивме во првиот круг во Делчево, победивме во првиот круг во Берово, победивме во првиот круг во Конче, победивме во првиот круг во Радовиш, победивме во првиот круг во Босилово, Василево, Ново Село, во мојата Струмица победивме со 4.700 гласови, разлика. Победивме во првиот круг во Валандово победивме во првиот круг во Богданци, победивме во првиот круг во Дојран, победивме во првиот круг во Гевгелија, победивме во првиот круг во Демир Капија, победивме во првиот круг во Неготино, победивме во првиот круг во Лозово, победивме во првиот круг во Велес, победивме во првиот круг во Прилеп, победивме со 12.000 гласа, разлика во првиот круг во Битола, победивме во првиот круг во Ресен, победивме во првиот круг во Охрид, победивме во првиот круг во Дебарца, победивме во првиот круг во Вевчани.
Еве како стоиме во Градот Скопје, 685 гласачки места, ги имаме резултатите до 469 гласачки места, остануваат уште 216 гласачки места, за нас 75.626, на нашиот политички противник 53.820 гласови, ова е разлика од 21.800 гласови, ако трендот продолжи така, имаме победа уште во првиот круг.
Ќе ми простат и некој општини во којшто победивме како Кривогаштани и таму победивме во првиот круг, Маврово-Ростуше победивме, Крушево победивме во првиот круг, Јегуновце победивме во првиот круг, и има уште неколку.
Но, она што е важно почитувани граѓани, навистина граѓаните покажаа колку се важни локалните самоуправи и општините. Сакам да им порачам на новите избрани градоначалници и на советниците од нашата коалиција, ерата на локални шерифи заврши. Обврската сега ни е уште поголема. Во Македонија има Живот за сите!
Ни дадоа голема чест, но и одговорност нашите граѓани, сега повеќе нема изговори, засукување ракавите и работа, за сите граѓани подеднакво на сите краишта од нашата убава Македонија, затоа што нашиот народ тоа го заслужува, единство, сплотеност, рамноправност, обединетост, здруженост. Концептот успеа почитувани граѓани, заедно сме сплотени едно општество за сите, здружени топ не не бие. Само сплотени и единствени Македонија ќе оди напред!
Затоа препорачувам на сите носители на јавни функции и на локалната власт и на централната власт, внимателно да си го слушаме нашиот народ, нашиот народ знае што е исправно и нашиот народ знае што е приоритет. Ветивме ќе бидеме сервис на граѓаните, ќе извршуваме како тие ќе диктираат и по кои ноти тие ќе свират, а ние има да слушаме и да работиме. Најавивме ново време на одговорна, транспарентна власт, и има во Македонија ова да стане правило.
Апелирам на чесност, апелирам на посветеност, апелирам на одговорност пред нашите граѓани, тоа не задолжија сите.
Затоа почитувани граѓани радоста е голема, но и одговорноста е огромна. Навистина дочекавме и сакам да бидете среќни.
Вредеше почитувани граѓани, вредеше и борбата, вредеше и жртвата, вредеше заради нашата Македонија.
Вечерва да прославиме, од утре одговорно и посветено со почит спрема секој граѓанин, без разлика дали гласал за победничката коалиција или не. Ние сме одговорна локална власт, и одговорна централна власт, пред сите граѓани има да работиме рамноправно и еднакво за сите граѓани, затоа што ветивме, и така е, Македонија е на сите, сите општини се важни, секој поединец е важен.
Во вториот круг каде што ќе настапиме ве молам со понизност и со почит спрема граѓаните. Јас очекувам победата да продолжи таму каде што не успеавме да ја добиеме уште во првиот круг. Но, со секој наш однос, со секој наш чекор, покажуваме какви сме и кои сме. Затоа навистина имаме право после долги години борба, да се радуваме и да се веселиме, тоа ни следува и за тоа сме заслужни.
Нека се радува Македонија, и нека се весели вечерва.
Македонијо моја, Македонијо наша, доаѓаат добри времиња за тебе, ќе одработиме заради тоа што ти си ни се што имаме.
Затоа почитувани граѓани нека е вечна и слободата, но нека ни е вечна и добрата иднина и перспективата за Македонија, за секоја општина, за сите граѓани во единствена Македонија.
Да живее Скопје! Да живее Република Македонија!