Заев и Ахмети ги започнуваат преговорите за новата влада

Сподели

Мандатарот и претседател на СДСМ Зоран Заев, денеска, но и во текот на викендот, според најавите, ќе има интензивни средби со идните коалициски партнери ДУИ и Алијанса за Албанците за да се дефинираат контурите на новата влада и поделбата на ресорите.

Заев најави дека сака брзо да биде формирана влада, дури и за помалку од десет дена од доделувањето на мандатот. Законскиот рок за поднесување предлог до Собранието за составот и програмата на владата е 20 дена од доделувањето на мандатот и истекува на 6 јуни, но целта на парламентарното мнозинство е договорот да биде постигнат многу порано.