Вести Македонија Топ теми

Заев: Ќе бидам премиер на сите граѓани на Македонија

Сподели:

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на прес конференција ја објави програмата на новата влада. Македонија, рече, мора да оди напред и суштината во програмата се потребите на граѓаните.

„На Македонија и е потребна реформска влада, посветена на зачувување на суверенитетот, територијалниот интегритет, членството во НАТО и ЕУ, реална поделба на власта, професионални институции“, посочи Заев.

Никој не смее да ги сопре процесите, а на граѓаните им се потребни повисоки плати, социјална сигурност, професионални институции и квалитетно образование и здравствен систем.

„Ќе бидам премиер на сите граѓани на Р. Македонија. Го слушнав гласот на граѓаните од улиците, предизвикан од пропагандната машпинерија. Само несериозни политичари можат да ги плашат граѓаните, да работат на вртење на брат против брат, мајка против ќерка, да зборуваат за унитарност, а да работат на поделби. Вас никој не смее да Ве вознемирува со лажни вести“, рече Заев.

Сподели: