Вести Македонија

Заев на Јуратовиќ: Груевски бега и се плаши од фер избори

Сподели:

6f36f44e-75e7-4bfc-8250-2d29811518a6

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со германскиот пратеник и член на комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Јосип Јуратовиќ.

Како што информираат од СДСМ, на средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија и за решенијата за излез од политичката криза.

„На средбата е констатирано дека во Македонија се владее преку политики што не се во согласност со демократските вредности, што се одразува штетно врз животот на граѓаните. Стабилноста на Македонија зависи од полн легитимитет на новата Влада што граѓаните мора да ја изберат на регуларни и демократски избори“, рекол Заев.

Според него, Македонија повеќе изборни циклуси наназад е заложник на криминални избори што ги спроведувала актуелната власт.

„Уште едни такви избори нема да има. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени да излезат на фер избори, тие бегаат од фер избори, се плашат од фер избори и затоа свесно го одолжуваат процесот на наоѓање решенија за кризата“, рекол Заев.

Од партијата информираат дека на средбата било истакнато дека врвот на власта и нејзините соработници се обидуваат и да ја опструираат работата на Специјалното јавно обвинителство, за што користат недозволиви притисоци врз судството и врз Уставниот суд.

http://meta.mk/zaev-na-juratovik-gruevski-bega-i-se-plashi-od-fer-izbori/

Сподели: