Вести Изјави Македонија Ударни вести

ЗАЕВ: Нашите сограѓани Власи, биле и остануваат силен дел на нашето заедничко општество

Сподели:

 

Премиерот Зоран Заев по повод 23.мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница. Честитката ви ја пренесуваме во целост:

„Денеска сите ние го славиме 23.мај – Националниот ден на Власите, како значаен празник за да се потсетиме на вековниот стремеж на Власите за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција.

Целиот влашки народ и истакнати личности Власи, учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и исклучително богата историја, во која Власите секогаш имаа значајно место во борбата за слобода, државност и независност на нашата земја.

Нашите сограѓани Власи, биле и остануваат и понатаму силен дел на нашето заедничко општество во кое, продлабочувањето на заедништвото, меѓусебната толеранција, доверба и почитувањето на посебностите, обезбедуваат стабилна и сигурна иднина за сите граѓани во нашата земја.

Честит 23.мај – Национален ден на Власите!“

Сподели: