Вести Македонија Ударни вести

Заев: Отпочнување на преговори ќе значи и позитивен сигнал за целиот регион

Сподели:

 

“Верувам дека новата методологија за проширување на ЕУ ќе има фер пристап и ќе се заснова на мерит систем. Наш главен мотив и натаму е членство во ЕУ и немаме алтернатива. Сѐ што зависи од нас ќе биде реализирано како и досега” – изјави Зоран заев по средбата со еврокомесарот за соседска политика и за проширување Вархеји.

Ова беше тема на разговорот со еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Оливер Вархеји. Европската комисија отсекогаш била искрен и силен сојузник на Република Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите. “Отпочнување на преговори со Северна Македонија ќе значи и позитивен сигнал за целиот наш регион “- изјави Зоран Заев.

Сподели: