Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Заев: Парламентарните избори ќе бидат на 15. јули!

Сподели:

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција истакна дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес разговарале и се договориле за избори на 15 јули.

„Одговорност е да направиш се, да обезбедиш институции кои нормално ќе функционираат. Ни треба активно собрание, ни треба целосно функционална политичка влада, пред се на граѓаните, а потоа и на власта и опозицијата. Само на тој начин есента ќе ја дочекаме спремни. Поголема криза од оваа не можеме да издржиме со техничка влада и без Парламент. Свесен сум дека на сите ние преку глава од политички игри. Се знае кој во минатото бил најодговорен пред народот и државата. За да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како последен датум за избори. Денеска повторно разговарав со Мицкоски и тој ми потврди дека е согласен да учествува на избори на 15 јули. Изборите ќе бидат во среда, кој ќе биде неработен ден – изјави Заев.

 

🔴[Во живо:] Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

🔴[Во живо:] Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Gepostet von Zoran Zaev am Montag, 15. Juni 2020

 

„Бараа средината на јули, еве им избори на средина на јули“, рече Заев.

Тој додаде дека очекува Мицкоски јавно да излезе и да потврди дека прифаќа избори на 15 јули, а се очекува од претседателот Стево Пендаровски да прогласи уште една вонредна состојба за усогласување на датумот.

Сподели: