Вести Став Ударни вести

Заев: Посакуваме заеднички кандидат за Претседател- да ја испратиме повторно пораката за единство на граѓаните

Сподели:

Како Социјалдемократски сојуз и најголема политичка партија во владината коалиција, знаете дека отпочнавме процес кој што всушност започна вчера, па еве и денеска продолжуваме со разговори со сите политички субјекти, прво со коалиционите партнери. Верувам дека ќе постои и амбиент да се разговара со политички партии кои што се надвор од коалицијата, во обид да изнајдеме заеднички кандидат преку аналитички пристап, кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, зад кој што ќе застанат сите политички субјекти.

Преку слушањето на гласот на граѓаните, и тоа граѓаните од сите политички проминенции, од сите етнички заедници, од сите социјални групи, заради тоа што веруваме дека во ваков важен период за Македонија, кога го чекаме и полноправното членство во НАТО, чија ратификација е во тек, очекуваме да добиеме отворање на поглавје и датум за преговори.

Верувам дека е исклучително важно, секако не помалку важно и од претходниот период, но е исклучително важно, да се изнајде личност зад која што ќе стојат сите граѓани, а преку своите политички субјекти кои што ги претставуваат.

Денеска одржавме состанок со коалициониот партнер ДУИ, заедно сум јас со секретарите на СДСМ и господинот Ахмети беше со своите секретари.

Заклучивме дека е важно заради иднината на државата, заради концептот на едно општество за сите, заради можноста да се испрати повторно пораката на единство помеѓу граѓаните, да посветиме внимание на изнаогање на можност за застанување зад заеднички кандидат.

Ние лидерите тоа го посакуваме, но секако нашите органи и тела на партиите ќе го кажат тоа конечно. После враќањето од ваков состанок ќе отвориме во партиите дебата да видиме дали и таму постои тој амбиент.

Секако ова е вредна шанса, можеби ќе успее, можеби нема да успее, но шансата како шанса треба да ја имаме затоа што верувам дека прво ќе ги отстраниме сите шпекулации што се случуваат пред втор круг, дали има тајни договори, кој што дал, кој што изгубил, кој што примил или слично, само ако застанеме сите заедно зад заедничко име за кандидат за Претседател на државата – изјави Заев.

Сподели: