Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Заев во Европскиот Парламент испратен со голем аплауз и голема поддршка

Сподели:

 

Премиерот Зоран Заев денеска се обрати пред пратениците во Европскиот парламент. Тој се заблагодари на поддршката што ја добива Македонија и порача дека граѓаните на Македонија се одлучиле за европска иднина

„Народот на нашата земја е исправен пред историски предизвик.Во текот на последните недели добивме голема поддршка од разни лидери кои ја посетија Македонија за да ја покажат поддршката за референдумот кога Македонскиот народ ќе одлучи за договорот од Преспа. Тоа не е лесна одлука, ќе бидеме Северна Република Македонија, но со признаен јазик и идентитет.

Знам дека од нас зависи, а ние ќе ја дадеме нашата лојалност, со вистинска страст за ЕУ, која за нас значи многу повеќе отколку само раст, ЕУ значи за нас да живееме во општество каде владее правото, има подобри судови и во кое правдата е еднаква за сите.”

„Приклучувањето кон ова семејство е стабилност за сите нас. Ве уверувам дека правиме се да ги постигнеме стандардите на ЕУ. Ни претстои уште долг пат, но вашето добредоје ни дава поттик. Силната верба во нашата европска иднина е клучниот мотив за Договорите со Грција и Бугарија. Ние сме Европа во мало, обединети во различностите. Нашите граѓани го направија изборот се определија за европска иднина. Да се тргнеме напред кон иднината. За Република Македонија тоа е можност која долго ја чекавме“,

„Граѓаните на Македонија својата иднина ја гледаат како дел од ЕУ. Нашите луѓе работеа многу напорно да ги остварат своите сништа. Да, направивме напредок, но не е доволно. Знам дека можеме да направиме подобро. Ние се бориме да не бидеме изолирани од остатокот од светот. Се уште се соочуваме со проблеми, но никогаш не ги изгубивме нашите визии. Нема да се откажеме сега.

Европските пратеници после говорот на премиерот Заев го испратија со голем аплауз и силна поддршка .

 

Во живо обраќање од Европскиот Парламент

Обраќање во живо од Европскиот Парламент (European Parliament). Прво обраќање на македонски премиер, кој се обраќа на македонски јазик.

Geplaatst door Zoran Zaev op Donderdag 13 september 2018

Сподели: