Закани до Македонците од Пустец: Ќе ви ги одземеме пасошите ако не се пишете Бугари

Сподели

 

Во Албанија во тек е пописот на населението кој трае до 30-ти октомври. Изминатиот период голем број бугарски активисти, претставници на власта, невладини организации беа многу активни меѓу Македонците во Албанија обидувајќи се да ги убедат дека се Бугари. Се ветуваат пасоши, стипендии, бесплатно школување во Бугарија и работа.

Претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов се закани со одземање на пасошите на сите жители на Пустец, Албанија доколку на пописот што е во тек, не се попишат како етнички Бугари. Ова е пораката која претседателот на бугарската организација Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, преку објава на Фејсбук ја упати до жителите на Општина Пустец, неколку дена откако почна пописот во Албанија.

 

 

Тој појаснува дека доколку тамошните жители, се во процедура за пасош, таа ќе им биде прекината, со што испрати притисок и закана.