Вести Македонија Ударни вести

Закажана седницата на Комисијата за разрешување на Јанева во четврток

 

Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски, за во четврток ја закажа седницата на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

За тоа дали седницата ќе биде јавна или затворена, Димовски смета дека треба да одлучи Комисијата со двотретинско мнозинство, а не да биде одлука на Советот на јавни обвинители.

Според Илија Димовски, Комисијата за прашањата за избори и именувања треба да биде отворена за јавноста заради поголема доверба на граѓаните во Собранието и правосудниот систем.

Доколку се одлучи седницата за извештајот да биде затворена, ќе можат да присуствуваат исклучиво членовите кои имаат безбедносен сертификат, но и пратеници кои не се членови, а поседуваат валиден сертификат за класифицирани информации.

Бараме декласификација на Извештајот за Катица Јанева.Граѓаните имаат право да дознаат што и како работат правосудните органи.

Geplaatst door Илија Димовски op Dinsdag 3 september 2019

Сподели: