Вести Изјави Македонија Статуси Ударни вести

Кирацовски: Сите на распит што се сликале со Катица, Боки 13 и Кичеец

Сподели:

 

Во интерес на истрагата за РЕКЕТ, Александар Кирацовски преку Фејсбук го повика Обвинителството кое ја води истрагата, да ги повика сите политичари на распит, кои имаат макар и една фотографија со осомничените Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец.

“Очигледно, истрагата околу случајот „Рекет“ се одвива длабински, сеопфатно и транспарентно.

Овој процес ќе ја потврди вистината и ќе ја сузбие лагата и шпекулациите. Криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата, одговарајќи за стореното.

Но, кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите.

Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети.

Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој (политичар), кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста.

Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи.

Тоа доаѓа како „стружење на кариес од заб“, бегла црна точка која доколку не се санира навреме, прави штета по време.

Во секој случај, овој скандал е доказ дека правната држава функционира и е шанса преку истиот да се врати довербата во институциите и правосудниот систем.”

ФБ статус, Александар Кирацовски

Сподели: