Законот за јазиците на дневен ред во Собранието

Сподели

Законот за употреба на јазиците е на дневен ред на денешната собраниска седница. Ова е трето читање на Законот откако претседателот Иванов стави вето и достави укажувања до пратениците во кои ги образложува причините за ветото, но и дава конкретни укажувања за неусогласеноста на законскиот текст со Уставот.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ поднесе рекордни 32.000 по овој закон. За да се разгледаат сите поднесени амандмани на Парламентот ќе му бидат потребни месеци поради што опозицијата беше обвинета дека ја кочи работата на законодавниот дом.

Партиите од владејачкото мнозинство СДСМ и ДУИ, како и Беса не поднесоа амандмани за законот.

Законот за употребата на јазиците беше означен со европско знаменце а со тоа се означува како приоритетен и не е потребно две третинско мнозинство за да се изгласа.