ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА -МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно на места со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено во источните делови. Кон крајот на денот ќе започне да дува засилен северозападен ветер, а на повисоките планини во западните делови ќе провејува снег. Минималната температура ќе се движи од 5 и 11, дневната температура ќе се движи од 14 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната температура до 19 степени.

Во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини ќе провејува снег.

Во среда утрото ќе биде студено, на места со минусни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време.

Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.