„Zani Popullit“ со петиција за разрешување на Артан Груби од вицепремиерската функција

Сподели

 

Граѓанската иницијатива „Zani Popullit“ (Гласот на народот) покренува петиција за разрешување на Артан Груби од вицепремиерската функција и разрешување на целиот владин кабинет од ДУИ. 

“Поаѓајќи од отежнатата состојба со сеопфатното лошо менаџирање на извршната власт на ДУИ, предводена од Артан Груби, кој воспостави раздор како метод на креирање политики, воспостави диференцијација, иницираше и спроведе коалиција со нашите главни политички противници, а притоа не спроведе ниту една точка од изборната програма и ветувањата до граѓаните”, се наведува во соопштението на Граѓанската иницијатива „Zani Popullit“ (Гласот на народот).

Оттаму ги повикуваат граѓаните да се приклучат на оваа иницијатива преку следниот линк.