Димитров за АА: „Преспанскиот договор е премногу голем за да пропадне“

Сподели

Никола Димитров беше во официјална посета на Анкара и во екслузивно интервју зборуваше за Аnadolu Agency (AA).

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, изјави дека Преспанскиот договор склучен меѓу Грција и Македонија во врска со спорот за името меѓу двете земји, е премногу голем за да пропадне. Вложувањата и зборовите на пофалба кои доаѓале од целиот свет го направиле Преспанскиот договор значаен.

Собранието на Република Македонија минатиот петок, на 11 јануари, ги усвои уставните измени, со кои ќе се промени уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија, по стапување во сила на Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор).

Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор), во јуни минатата година, во Преспа, го потпишаа владите на Македонија и Грција. Според Договорот, Македонија ќе го смени своето име во Република Северна Македонија, а Грција ќе се откаже од приговорот за влез на Македонија во НАТО и да стане членка на Европската Унија.

Димитров изјави дека Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас неодамна го преживеала гласањето на доверба во Парламентот.

„Мислам дека овие денови ќе започне процедурата за ратификација на Преспанскиот договор“, изјави тој. Во Грција постои политичка волја и дека заложбата што била присутна во текот на изминатите месеци, како и оваа недела, довела до ова гласање за доверба.

„Мислам дека наскоро, за неколку дена, ќе ја видиме ратификацијата во грчкиот Парламент“, нагласи Димитров.

Министерот Димитров додаде дека во грчкиот Парламент повторно ќе има гласање за пристапниот протокол на Македонија за влез во НАТО, и дека со таа ратификација, процесот ќе биде финализиран.

„Македонија изгуби една генерација, чекајќи поради овој спор со името“, нагласи Димитров.

Откако во Грција ќе биде завршен процесот на ратификација, членството на Македонија во НАТО ќе биде побрзо отколку членството на земјата во ЕУ.

„Веројатно, во зависност од брзината на процесите во различни парламенти, членството во НАТО официјално ќе се случи на почетокот на наредната година. Всушност, ќе се најдеме на маса многу наскоро, можеби во февруари или март оваа година“, изјави Димитров.

Интервјуто во целост можете да го прочитате тука