Вести Свет

Започна 5. Светски конгрес на новински агенции во Баку

Сподели:

Во својот говор претседателот Алијев зборуваше во врска со организираните меѓународни настани во Азербејџан и истакна дека овој успех е доказ за поддршката кон медумите

thumbs_b_c_d84324676c51227e35f15c2b2cc146ca

БАКУ (АА) – Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, во врска со вестите што ги објавуваат меѓународните медиуми истакна: „Понекогаш истите ситуации се прикажуваат целосно различно во меѓународните медиуми. Ова укажува на интервенцијата на политичките кургови“, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Баку започна 5. Конгрес на светските новински агенции (NAWC) и Унијата на азиско-пацифичките новински агенции (OANA).

Во својот говор на отворањето на конгресот во центарот „Хајдар Алијев“, претседателот Алијев зборуваше во врска со организираните меѓународни настани што се одржуват во Азербејџан, и истакна дека овој успех е доказ за поддршката кон медумите. Алиjев истакна дека се гордее затоа што е домаќин на 5. Конгрес на светските новински агенции (NAWC) и на (OANA) и додаде дека целосно е обезбедена слободата на медиумите во земјата којашто само пред 25 години ја доби својата независност.

Алијев изјави дека нема да се меша во работата на медиумите: „Но, како претседател на држава и како политичар, мислам дека медиумите сериозно треба да ги анализираат меѓународните теми. Понекогаш се објавуваат вести коишто се причина за вознемиреност. Понекогаш, кога читаме некои вести гледаме колку се далеку од вистината што ја гледаме и ја знаеме. Секој претседател на држава има извори за да ги провери информациите. Но сакаме да добиеме точни информации. Понекогаш гледам како една иста ситуација во меѓунардоните медиуми се прикажува различно. Ова укажува на интервенцијата на политичките кругови. Сите сакаме слободни медиуми“.

„Има двојни стандарди против Азербејџан“ 

Алијев говореше и за конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија, и за проблемот со Горно Карабах, и рече дека оваа земја 25 години се наоѓа под окупација.

„Карабах припаѓа на Азербејџан“, рече Алијев. „Меѓународните организации, вклучувајќи го и Советот за безбедност на ОН, ги прифатија одлуките за крај на окупацијата. Но за Ерменија овие одлуки како да не постојат. Во некои ситуации, одлуките на СБОН веднаш се спроведуваат. Кога сме ние во прашање, чекаме 25 години. Ова се двојни стандарди, против Азербејџан. Мораме да ставиме крај на оваа окупација. Во окупираните области, Ерменците уништија голем број историски споменици. А ние, пак, ја чуваме ерменската црква во центарот на Баку. Проблемот на Карабах треба да се реши во рамките на меѓународното право и територијалниот интегритет на Азербејџан“, рече Алијев.

На конгресот, чиј домаќин е фондацијата „Хајдар Алијев“ и Државната новинската агенција на Азереајџан (АЗЕРТАЦ) ќе се организират панел-дискусии на темите, „Иднината на произведувањето вести“, „Можностите на новинските агенции – новите технологии и социјалните мрежи“, „Иновациите на новинските агенции“, „Едукација на новинари за иднината на мултимедијата“, како и панел-дискусијата „Зачувување на мисијата на новинарството“.

На панел-дискусиите ќе зборуваат претседателите на OAНA, Одборот на Европската алијанса на новински агенции (ЕАНА) и на Федерацијата на арапските новински агенции (ФАНА). Исто така, на дискусиите ќе се обратат високи претставници на новинските агенци како што се Асошиејтед прес, Ројтерс, Синхуа, Агенцијата Анадолија (AA), ТАСС, Франс прес, Прес асосиејшн, ЕФЕ, Јонхап, Кјодо, ТТ, СПА, БТА, ААП, ИРНА, ДПА, Нотимекс, ATPE како и на други новински агенции.

АЗЕРТАЦ во времетраење од 3 години ќе го преземе претседателството и на НАВ и на ОАНА.

Сподели: