Започна Самитот на Западен Балкан во организација на лондонски The Economist

Сподели

 

Започна Самитот на Западен Балкан во организација на лондонски The Economist, на тема „Унапредување на европската инклузивност и солидарност“.
 
“Ја искористив приликата да упатам директна порака до сите инвеститори да инвестираат во Северна Македонија, а има и зошто, изјави премиерот Заев.
 
– Во ТИР зоните регистрирано е видливо повисоко ниво на економска активност споредено со истиот период во последните четири години.
– Компаниите што инвестираат, го зголемуваат и бројот на вработени и го прошируваат производството.
– Владиниот економски тим континуирано и посветено работи на подготовка на планови за идниот среднорочен развој на државата. Со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 година, во вкупен износ од 8,9 милијарди евра, опфатени се сите инвестиции што се планираат да отпочнат во државата, и од домашни и од странски инвеститори.
– Вложуваме во инфраструктура, патишта, училишта, спортски и здравствени објекти, во сето она што има трајна вредност за граѓаните и влијае на подобрување на економијата.
– Нашиот фокус е насочен кон енергетика, дигитализација и инвестиции во напредни технологии, како и развој на сите сектори и индустриски гранки.
 
Северна Македонија е земја со предвидливи услови и клима за инвеститорите, бидејќи ги содржи основните аспекти кои се од примарна важност за домашните и странските инвеститори.
Нашата зацртана патека нѐ води кон градење на еднаква, инклузивна и одржлива економија”, изјави Заев.