Започна Вториот меѓународен самит на наставници – предводници

Сподели

На самитот учествуваат околу 300 учесници од 15 земји (Македонија, Балканските земји, Турција, Средниот исток), кои ќе имаат можност да го споделат своето мултикултурна искуство.

thumbs_b_c_6911ecfd16779c0b146128456f64d8df

СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје денес започна Вториот меѓународен самит на наставници – предводници на тема „Меѓукултурно образование и искуства во мултикултурното образивание”, јавува Anadolu Agency (AA).

На самитот кој е во организација на Генералниот директорат за обука на наставници при Министерството за образование на Турција, Здружението на наставници предводници Универзитетот за цивилизации во Истанбул, и Невладината организација „Активитети” од Скопје, учество земаа претставници на невладини организации од Македонија и Турција, академици, наставници и голем број гости.

Самитот се реализира благодарение на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје и Институтот „Јунус Емре” во Скопје на кој учествуваат околу 300 учесници од 15 земји (Македонија, Балканските земји, Турција, Средниот исток), кои ќе имаат можност да го споделат своето мултикултурна искуство.

Извршниот претседател на Меѓународната асоцијација на наставнци предводници, Ѓокхан Ереноглу, во разговор за АА изјави дека основна цел на Самитот е искуствата на наставниците да се донесат на едно место и да се споделат на едно меѓународно ниво .

„Една од целите на овие чекори кои ги правиме со наставниците од Турција и околните земји е ширењето на мирот и спокојот од страна на наставниците и ја покажа потребата од преземање повеќе иницијативи за зголемување на просперитетот во многу сектори”.

Ректорот на Истанбулскиот универзитет за цивилизации, проф. д-р Ихсан Караман во своето обраќање истакна дека основни теми на Самитот се образованието, мултикултурноста и наставниците.

Професорот Караман истакна дека внатрешните и надворешни миграции и големи протоци на мигранти, кои денеска се многу честа појава, како сериозен проблем ја поставува мултикултурноста.

„До неодамна, мултикултурното искуство беше феномен застапен во високото образование и програмите за меѓународните студенти го покажуваат тоа. Но денеска, поради проблемот со бегалците, се појави потребат од мултикултурноста во основното и средното образование и овој феноменот на мултикултурното образование ја покажува ефикасно”, рече проф. д-р Караман.

Покрај тоа, проф. д-р Караман додаде дека на заедничка маса ќе ги стави искуството на мултикултурното образование, како да се справат со овој феномен, како може да се образуваат ученици кои доаѓаат различни култури средини, потешкотиите со кои се среќаваат и начинот на кој тие можат да се решат.

Самиотот кој денеска започна во Скопје, ќе трае три дена и на крајот од самитот ќе биде објавен извештајот за темите за кои се дискутира на истииот.