Вести Свет

Започнува блискоисточната мировна конференција во Париз

Сподели:

ПАРИЗ (АА) – Во Париз денес ќе започне блискоисточната мировна конференција преку која се планира израелско-палестинските односи да излезат од ќор-сокак и да се подигнат на повисоко ниво, јавува Anadolu Agency(АА).

Поради фактот дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, е заинтересиран за израелско-палестинските односи, се предвидува дека оваа конференција на Израел и на Палестина ќе им биде последна шанса за дводржавно решение.

На конференцијата ќе присуствуваат околу 70 земји, а според сегашните најави, нема да присуствува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Ова ќе биде првпат во девет години израелско-палестинското прашање да се организира во рамки на блискоисточни мировни преговори на ова ниво.

Средба на Нетанјаху и Абас, последен пат забележана во 2010 година, би можела да се случи наредните седмици во Париз.

Дипломатски извори наведуваат дека официјален Париз со оваа конференција исто така сака да испрати силна порака до новоизбраниот американски претседател Трамп. Трамп и пред преземањето на функцијата претседател ќе го привлече вниманието со еден ваков меѓународен настан, како што е оваа конференција.

Ова ќе биде последната конференција на американскиот државен секретар Џон Кери на тема израелско-палестински односи.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, соопшти дека на состанокот неговата земја ќе ја претставува амбасадата на Руската Федерација во Париз. Тој, исто така, ја понуди Москва како домаќин на израелско-палестинските преговори.

Израелскиот премиер Нетанјаху, кој пред три дена во Париз се состана со францускиот претседател Франсоа Оланд, изјави дека е против ваква конференција и дека нема да ги прифати нејзините заклучоци.

Махмуд Абас за француските медиуми изјави дека оваа конференција може да биде последна шанса за дводржавно решение.

Оланд во изјава за медиумите пред три дена рече дека целта на оваа конференција е да се обнови меѓународната поддршка за дводржавно решение на палестинското прашање. Тој рече дека верува оти конференцијата ќе придонесе за решавање на проблемот, но дека мирот може да го постигнат само Израел и Палестина.

„Само билатерални преговори може да го решат овој проблем“, рече Оланд.

Блискоисточниот мировен процес во ќорсокак дојде во април 2014 година, под водство на САД.

Како резултат на француските настојувања во насока на признавање на Палестина, во декември 2014 година Сенатот на земјата ја усвои предлог-одлуката со која од Владата се бара да ја признае Палестина како држава. Тогашниот министер за надворешни работи на Франција, Лорен Фабиус, рече дека доколку во следните две години преговорите не дадат резултати, Франција сама ќе делува и без да губи време ќе ја признае палестинската држава.

Сподели: