Започнува исплатата на поврат на ДДВ за третото тримесечје

Сподели

 

Од денеска, 1. ноември, започнува исплатата на средствата од МојДДВ за поврат на ДДВ од скенираните сметки за месеците јули, август и септември и истата ќе трае до крајот на месецот. 

За претходниот квартал (април, мај и јуни) кон граѓаните беа исплатени над 707 милиони денари, односно околу 11,5 милиони евра. 

Од воведувањето на мерката, па до јуни 2023 кон граѓаните исплатени се 7,3 милијарди денари или над 118 милиони евра.