Затвореници од Гвантанамо Беј се префрлаат во Србија

Сподели

A858D687-9490-47C8-89D8-9C00BE6528BE_w987_r1_s

Двајца затвореници од американскиот воен затвор Гвантанамо Беј во Куба се префрлуваат во Србија, со што во оваа установа остануваат уште 76 затвореници. Претставници на Стејт департментот и на Пентагон денеска го потврдија префрлувањето. Едниот од затворениците е од Таџикистан, а другиот е од Јемен. Ова е прв пат затвореници од Гвантанамо Беј да се префрлуваат во Србија.

slobodnaevropa.mk