Заврши увидот во доказите – Боки 13 ќе дава исказ за “РЕКЕТ”

Сподели

 

Денеска на пладне Јовановски треба да биде спроведен од Шутка и како осомничен да биде испрашан за аферата во која му се ставаат на товар делата перење пари и примање награда за противзаконито влијание. Јовановски ќе дава исказ за случајот „Рекет“.

Бојан Јовановски по втор пат побара да му биде укинат притворот и да оди во домашен притвор, но неговата жалба беше одбиена, со образложение дека има опасност од бегство.

Обвинителството паралелно со истрагата за Рекет истражува и кој е кртот кој ги изнесува документите во овој случај. Минатата недела еден од адвокатите во овој случај телефонски добил понуда за пари да го добие исказот на Зоран Милевски Кичеец. Засега само Кичеец е пуштен во домашен притвор.