ЗДРУЖЕНИЕ “ЗЕЛЕНА ЛУПА”: Мора да престане праксата со судски постапки кои траат по 10 или 15 години

Сподели

Денеска во Клубот на новинари, со почеток од 10 часот, Здружение Зелена Лупа ќе одржи пресконференција.

Од денеска, официјално започнуваме кампања за ЗАШТИТА НА ПРАВОТО ЗА СУДЕЊЕ ВО РАЗУМЕН РОК.
Мора да престане праксата со судски постапки кои траат по 10 или 15 години.

Благодарение на Амбасада на Кралство Холандија, преку стратешко застапување, ќе финансираме адвокатски услуги за изготвување на Барања за судење во разумен рок – до Врховен Суд, за 50 случаи. – стои во соопштението од Зелена Лупа.