ИЗЈАВИ: АЛЕКСАНДАР КИРАЦОВСКИ-Судии се охрабруваат и едвај чекаат одреден предмет против власта да падне во нивни раце

Сподели

kiracovski

– “Преку СЈО, јавноста доби потврда за се она што лидерот на СДСМ Зоран Заев и сите ние во минатата сме го говореле. Сега е јасно кој прислушувал, кој местел судии, судски одлуки… Притворот за битолскиот градоначалник Владимир Талески, на пример, е скромен чин на храброст на еден од судиите, но имам информација дека секојдневно судии се охрабруваат и едвај чекаат одреден предмет против власта да падне во нивни раце. Ве уверувам дека за скоро време сериозни предмети ќе стигнат во рацете на храбри судии кои секојдневно се одважуваат” – изјави Кирацовски за Фокус.