Вести Македонија Ударни вести

Земјотрес од 2,6 степени почувствуван во Скопје

Сподели:

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 12.1.2022 година, регистрира земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје.
 
 
 
 
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 9 часот и 9 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2,6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.
Сподели: