Вести Македонија Ударни вести

ЈО го истражува луксузирањето на екс функционерите на државна сметка

Сподели:

Основното јавно обвинителство го истражува трошењето на парите од службените картички на поранешните функционери кои трошеле државни пари за лично луксузирање, пренесува ТВ 24.

По допрен глас Обвинителството има отворено предистражна постапка за неколу случаи за кои медиумите објавија дека поранешни министери, заменици и државни секретари се честеле со луксузни вечери, купувале храна и продукти од супермаркети за дома, но и костуми и обувки за носење.

„Во однос на сите сомневања за незаконско користење на службени картички од страна на службени лица во органите на државната управа, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по допрен глас има отворено предистражна постапка и активно работи на утврдување на сите инволвирани лица и институции“, велат од Јавното обвинителство.

Од Јавното обвинителство велат дека, со оглед на тоа што се работи за предистражна постапка, согласно одредбите од член 289 од Законот за кривична постапка, сите дејствија што се преземаат во предистражната постапка се сметаат за тајна и не можат да бидат споделени со јавноста.

Од банкарските извештаи на службените картички беше објавено дека дел од парите не биле трошени за репрезентација, туку за лични потреби на поединци. Освен тоа, в очи паѓа и податокот дека постојано се повторуваат едни исти ресторани каде што се јадело и пиело, што остава сомнеж дека е можно раководните лица од министерствата со дел угостителски објекти да имаат премолчени договори за фиктивни трошоци – пари кои потоа можат да се извадат во кеш. Во јавноста беа актуелни трошењата по скапи бутици и спа центри, на поранешниот министр и неговиот заменик во Министерството за земјодлество, Михаил Цветков и Ванче Костадиновски како и ек министерот Дием Спасов, кој освен од Министерството за труд имал картишка за трошење на име на возач, од Агенцијата за вравботување, но Спасоввм дел од тиае пари врати. Се објавија и сметки за трошеањата на министрите и други службеници во Министерцвото за внатершни и надвореншни работи.

Сподели: