Земјотрес од 7,8 степени на полуостровот Камчатка

Сподели

Во Беринговото Море, во североисточниот дел на Русија се случи земјотрес со интензитет од 7,8 степени, јавува Anadolu Agency (AA).

Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS) соопшти дека на полуостровот Камчатка, во Беринговото Море е забележан земјотрес со интензитет од 7,8 степени.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот e јужно од Алјаска, а западно од групата острови Неар (Блиски Острови).

Исто така, се вели дека земјотресот дејствувал на површина во радиус од околу 200 километри. По главниот удар, се случија неколку последователни земјотреси, од кои најсилниот е со интензитет од 5,2 степена.

За земјотресот којшто се почувствува и во САД, соопштение даде и Центарот за предупредување од цунами, кој алармираше дека во должина од 300 километри на крајбрежјето во близина на местото каде што се почувствува земјотресот, постои опасност од цунами. Во соопштението на центарот се наведува дека ваква опасност не постои за крајбрежјето на Калифорнија, Орегон, Вашингтон или Алјаска.