Вести Свет Ударни вести

Земјотрес со јачина од 5.9 степени во Авганистан – загинаа 280 лица

Сподели:

 

Oколу 280 луѓе загинале, а стотици други се повредени по земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди источен Авганистан. Земјотресот се случил на околу 46 километри југозападно од градот Хост, кој се наоѓа блиску до границата со Пакистан.

Локалните власти и жителите предупредија дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми. Фотографиите од провинцијата Пактика, јужно од провинцијата Хост, покажуваат уништени куќи со само еден или два ѕида кои сè уште стојат меѓу урнатините и скршените греди на покривот.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази сочувство на Твитер.

„Длабоко тагувам за земјотресот во Авганистан што резултираше со загуба на невини животи. Луѓето во Пакистан ја споделуваат тагата на нивните авганистански браќа. Властите работат на поддршка на Авганистан во ова време на потреба“, напиша тој./meta.mk

Сподели: