ЛДП: Скандал Михајлова – Владата и министерствата не функционираат

Сподели:

Каква порака испраќаат институциите со бегството од правдата на Ива Михајлова, осомничена за предизвикување сообраќајка со смртни последици? – прашуваат од ЛДП.

Наместо одговорност, Михајлова како „славна личност“ одби да ги почитува судските забрани, доби статус на „жртва“ и „ѕвезда“ од некакво евтино одвратно реално шоу и нема човек во Македонија кој не е згрозен од ова.

Пораката која ја добија криминалците во власта со менувањето на Кривичниот законик и ослободувањето од вина на функционерите беше дека од позиција на власт може да прават што сакаат. А сега, пораката која ја добија останатите криминалци со скандалот Михајлова е дека слобода на акција имаат и тие. Ова неодоливо личи на почеток на општ хаос и анархија.

ЛДП верува дека во народот постои огромен бес, кој заедно наскоро ќе мора да го изразиме и да му ставиме крај на ова секојдневно државно тонење.

Сподели: