Жбогар: Прерано е да се предадеме, да бидеме депримирани или разочарани

Сподели

 

Евроамбасадорот Самуел Жбогар прашан да ги коментира најавите на премиерот Зоран Заев дека ако Македонија не добие датум за преговори можно е да го врати мандатот и да се оди на избори, рече дека не е сè  завршено.

„Немам некои нови информации, но можам да кажам дека не е завршено додека сè не заврши. Но, став на Европската комисија е дека земјата е подготвена да оди на наредниот чекор. Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, кажа дека ќе направи сè што може да лобира кај земјите-членки за да почнат преговорите со Северна Македонија“, рече Жбогар.

Тој додаде дека е „прерано да се предадеме и не би требало да бидеме депримирани или разочарани“.

„Вистинско време е сите да се ангажираме и да ги убедиме земјите-членки на ЕУ дека земјата е подготвена да ги започне преговорите“, додаде Жбогар.